Вести Свет

Меѓународниот суд на правдата во Хаг итно покренува истрага за руските воени злосторства во Украина

Меѓународниот кривичен суд во Хаг ќе започне истрага за можни воени злосторства извршени од Русија во Украина, најави главниот обвинител на МКС, Карим Кан.

„Објавувам дека решив да го продолжам процесот на покренување истрага за ситуацијата во Украина и тоа што е можно поскоро“, се вели во изјавата на Кан, јави ДПА.

„Постои разумно сомневање“

По прелиминарниот преглед на ситуацијата, Кан заклучи дека „постои разумна основа да се претпостави дека наводните воени злосторства и злосторства против човештвото биле извршени во Украина“ во настаните што доведоа до руската инвазија.

„Со оглед на ширењето на конфликтот во последните денови, сакам истрагата да ги вклучи сите нови наводни злосторства во надлежност на мојата Канцеларија, извршени од која било страна во конфликтот, во кој било дел од украинската територија“, рече Кан.

Русија не го признава судот

Според Римскиот статут, Украина не е странка во Меѓународниот кривичен суд, но ја прифатила својата јурисдикција во случајот на воени злосторства и злосторства против човештвото на нејзина територија, рече Кан. Русија, од друга страна, не го признава овој суд.

Сега тужителот мора да добие дозвола од судот за истрага.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе