Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати до јавноста.
„Русија денеска истрела ракети кон Харков. Ова беше очигледно воено злосторство. Харков е мирен град, мирни станбени населби, без воени објекти. Десетици снимки
од очевидци докажуваат дека ова не е ниту еден проектил, лажен рафал, туку
намерно уништување луѓе“, вели тој, пренесува Киев Индипендент.
„Ова е кршење на сите конвенции“-вели Зеленски. Руската артилерија денеска
бомбардираше станбени области на вториот по големина украински град Харков и уби десетици луѓе, соопштија украинските власти, истиот ден кога заврши првата рунда разговори меѓу руските и украинските власти, но без никаков напредок.
Нападите се случија додека руски и украински претставници преговараа на границата со Белорусија.
„Ова е кршење на сите конвенции. Никој во светот нема да ви прости што го убивте мирниот украински народ“, додаде тој.
Зеленски даде некои информации за нападите.
„Во петте дена од инвазијата, Украина беше погодена од 56 ракетни напади, испукани се 113 крстаречки ракети. Мора да се размислува за целосно затворање на небото за руските ракети, авиони и хеликоптери.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
