Вести Код Македонија Свет

КОД: Руската стратегија во Украина слична на претходните воени операции и инвазии на Москва

Најкратко растојание меѓу две точки е правата линија, а често советската воене доктрина, подоцна и руската го користи ова познато математичко правило за брз продор во офанзивни воени дејствија, ни објасни нашиот соговорник кој стигнал и до генералски чин во армијата. Ја спореди актуелната офанзива на руската армија со советските интервенции во Унгарија 1956-та и во Авганистан во 1979-тата. Првичните офанзиви тогаш на Црвената армија, а сега на руската биле исти- брз пробив до главниот град.

Сепак разликата со Украина е во брзината. Два дена по почетокот на руската офанзива, се многу блиску до срцето Киев но се уште далеку од украинските лидери. Секојдневно имаше ракетни и авионски напади, а според соговорникот на КОД тоа треба да го исцрпи рускиот непријател односно многу послабата украинска армија која всушност се бори на три страни. Околу и северно Киев, спроти Крим и во областа околу Харков.

Соговорникот на КОД со голема стратешка експертиза ни толкува дека тешко е да се предвиди што планирале руските генерали.

Но првите денови на инвазијата покажуваат дека најголемиот удар доаѓа од југ односно преку Крим, таму ќе биде најсилниот удар затоа што на тој начин руските сили ќе може да дојдат од зад грб на украинските позиции кај Доњецк и Луганск. Исто така преку Крим ќе се удри и врз областа околу Одеса во обид Украина да се отсече од секаков пристап до море.

Втората цел е опколување на Киев и таканаречено обезглавување на Украина, односно пресекување на врските на државното раководство со остатокот на Украина и пред се елиминација на било каква врска меѓу Киев и армијата на фронтот.

Украинската војна и инвазијата се класичен пример на хибридна војна, комбинација од виртуелен напад врз критичната инфраструктура, воздушни и поморски напади и напредување на воените единици по земја.

Во КОД повеќе и за економијата на Украина која исто така е под руски напад.

Во емисијата и репортажа за еврејската група Лев Тахор која се наоѓа во Македонија.

Емисијата е на програма во недела (27.02.2022.) во 19:15 на ТВ Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар во куќа во центарот на Куманово

Дејан Дејан

Се сретнаа Лавров и Рубио, во Ријад почнуваат руско-американските разговори

Дејан Дејан

Земјотреси од 4,9 и 5 степени регистрирани во близина на Санторини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе