Вести Свет

ФОТО: Ова се летови над Европа, Украина е празна

Руски сили утринава истрелаа проектили врз неколку градови во Украина и ги приземјија силите на нејзините јужни брегови, објавија украинските власти и медиуми, откако претседателот Владимир Путин одобри, како што рече, специјална воена операција на истокот, објави британската новинска агенција Ројтерс.

Набргу откако Путин зборуваше на руската државна телевизија, во тишината пред зори можеа да се слушнат експлозии во главниот град на Украина, Киев.

Престрелката избувна во близина на главниот аеродром во главниот град, објави новинската агенција Интерфакс, а сирените се огласија над градот.

„Путин штотуку започна целосна инвазија на Украина. Мирните украински градови се нападнати“, објави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер.

Рускиот напад веднаш го пренасочи воздушниот сообраќај. Ова е фотографија од Flight Radar. Како што може да се види, практично нема цивилни патнички летови над Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе