Рускиот претседател Владимир Путин најави напад врз Украина во вонредно телевизиско обраќање нешто пред 4 часот наутро по македонско време.
Тој рече дека Русија ќе пријави „специјална воена операција во Украина“.
Во своето обраќање Путин исто така рече дека „конфликтите меѓу украинските и руските сили се неизбежни и само прашање на време“, дека понатамошното проширување на НАТО и неговата употреба на украинска територија е неприфатливо.
Тој рече дека „руската воена операција има за цел да ги заштити луѓето“ и дека „околностите бараат решителна акција од Русија“.
Тој исто така рече дека ќе ја „демилитаризира и денацилизира Украина“.
Во телевизиско обраќање, Путин побара од украинските војници во борбената зона во источна Украина да го остават оружјето и да се вратат дома.
Тој и се закани на Украина дека таа ќе биде виновна за крвопролевањето, пренесува Би-Би-Си.
Путин изјави и дека целите на Русија не се окупација на Украина.
„Нашите планови не се да ја окупираме Украина, не планираме никому да се наметнуваме“, рече Путин, најавувајќи воена акција во источна Украина.
