Вести Свет

Русија ја нападна Украина среде состанокот на Советот за безбедност на ОН

Соединетите држави и другите членки на Советот за безбедност на Обединетите нации ја осудија одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина на седницата на 15-членото тело во Њујорк во исто време кога Путин ја објави одлуката.

„Токму во моментот кога се собравме на состанокот на Советот за безбедност обидувајќи се да најдеме мирно решение, Путин донесе одлука за војна, изразувајќи презир кон Советот. Ова е тешка и итна ситуација“, изјави американската амбасадорка Линда Томас- Гринфилд.

Во говорот на руската државна телевизија, емитуван истовремено со почетокот на состанокот на Советот за безбедност на ОН во Њујорк, Путин ја објави својата воена операција во источна Украина. Руските сили истрелаа проектили врз неколку украински градови и слетаа војници на нејзиниот јужен брег.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на новинарите по состанокот на Советот им рече дека тоа е „најтажниот момент“ во неговите повеќе од пет години на функција, апелирајќи: „Претседателе Путин, вратете ги вашите сили во Русија во име на човештвото“, додаде тој: Овој конфликт мора веднаш да заврши“.

За време на состанокот, рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензија го информираше овој потег на Советот на Москва, оправдувајќи го со член 51 од Повелбата на ОН, кој опфаќа индивидуална или колективна самоодбрана на државите од вооружен напад.

Британската амбасадорка во ОН, Барбара Вудворд, го нарече потегот на Русија кон Украина „неиспровоциран и неоправдан“.

Францускиот амбасадор во ОН Николас де Ривиер коментира: „Оваа одлука – објавена во времето на состанокот на Советот – го покажува презирот што Русија го покажува кон меѓународното право и Обединетите нации“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе