Вести Свет

Русија соопшти дека уништила воздушни бази. Украина: Соборивме пет руски авиони

Руското Министерство за одбрана соопшти дека ја уништило воената инфраструктура во украинските воздушни бази и ја десеткувало воздушната одбрана на Украина, пренесоа руските новински агенции, а Украина објави дека е под постојани сајбер напади од Русија.

„Провоздушната одбрана на украинските вооружени сили е потисната“, ја цитира агенцијата Интерфакс изјавата на Министерството. „Воената инфраструктура на воздухопловните бази на украинските вооружени сили е ставена надвор од функција.

Руското министерство ги демантираше информациите дека еден од нивните авиони бил соборен над Украина.

„Информациите во странските медиуми за наводното соборување на рускиот авион не се точни.

Украинската армија претходно соопшти дека пет руски авиони и еден хеликоптер биле соборени над областа Луганск.

Според украински извори, земјата во четвртокот била изложена на постојани сајбер напади од Русија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе