„Се остварија нашите најголеми стравови за намерите на Путин да ја нападне Украина. Европа мора да биде на страната на слободата и демократијата“, напиша Тонино Пицула на Фејсбук, присуствувајќи на состанокот во Брисел утринава.
„Светот во кој живеевме во последните 30 години исчезнува во нашите очи по падот на Берлинскиот ѕид. Војната против Украина прерасна во глобална безбедносна закана. Се размислува дали 24 февруари 2022 година е новиот септември 1, 1939 година. Според мое мислење, Путин користи сличен наратив како Хитлер во неговиот напад врз Полска“, изјави Пицула за ХРТ во Брисел.
