Вести Свет

Инцидент во Егејското море меѓу грчки патролен брод и турски рибарски чамец

Министерството за надворешни работи на Турција, според грчките медиуми, испратило демарш до Грција поради инцидентот во Егејското море меѓу патролен брод на грчката крајбрежна служба и турски рибарски чамец, кога од грчка страна биле испукани неколку предупредувачки истрели во воздух.

Според грчката крајбрежна служба истрелите биле на безбедно место, а според турската крајбрежна служба  еден од рибарите бил повреден во ногата.

Грчката крајбрежна служба соопшти дека инцидентот се случил вчера попладне кога турски рибарски чамец рибарел во грчките територијални води, во делот меѓу островите Хиос и Инусес и не одговорил на повиците за повлекување, упатени од екипажот на грчкиот патролен брод.

Наместо да се повлече, рибарскиот чамец направил „опасни маневри“, се приближил до грчкиот брод, се обидел да го удри и го нападнал со разни предмети, камења и слично.

По ова, од патролниот чамец на крајбрежната служба, беа испукани предупредувачки истрели во воздух и на безбедно место, по што турскиот рибарски брод се повлече кон исток, соопштија од грчката крајбрежна служба.

Турска страна коментира дека е „неприфатливо пукање во беспомошни рибари и тоа е злосторство против човештвото“.

Грчките медиуми објавија дека за инцидентот реагирала официјална Анкара со протесна нота до амбасадата на Грција во Турција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе