Вести Свет

САД: Русија распоредила дополнителни 7.000 војници на границата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека приклучувањето на НАТО значи гарантирање на безбедноста на неговата земја, и тој нема да прави компромиси во врска со тоа, иако Русија бара гаранции од САД дека тоа никогаш нема да се случи. Претходно САД соопштија дека не само што нема докази за наводно повлекување на дел од руските единици распоредени во близина на украинската граница, туку изминативе денови биле испратени уште 7.000 војници. Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг вели дека намерите на Москва се сѐ уште нејасни.

  • Но, тоа што го знаеме е дека Русија ја собра најголемата воена сила видена во Европа последните децении, во и околу Украина. Исто така знаеме дека многу руски разузнавачи оперираат во Украина, ги има во Донбас. Видовме и обиди да се исценира оправдување, лажни операции, која ќе обезбеди оправдување за напад врз Украина.“, изјави Јенс Столтенберг – Генерален секретар на НАТО.

Покрај состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, во Брисел денеска лидерите на ЕУ одржуваат вонреден состанок, за ситуацијата околу Украина.

  • Дипломатијата сѐ уште не го кажала последниот збор. Тоа е добро и сѐ уште имаме надеж дека мирот ќе надвладее. Ги поздравувам напорите на многу европски лидери кои разговараа и со двете странитрагајќи по дипломатско решение.“, порачува Урсула Фон Дер лајен – Претседателка на ЕК

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО дискутираа за распоредување на дополнителни 4 борбени групи во Источна и Југоисточна Европа, на веќе постоечки 4, кои го обезбедуваат источното крило на Алијансата уште во 2014 година, веднаш по руската анексија на Крим. Министрите разгледуваат детални планови околу логистичките предуслови, а евентуалната одлука за зголемување на военото присуство на Алијансата, би била донесена на пролет.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе