Свет

Бројот на загинати во поплавите во Бразил се искачи на 104

Бројот на луѓе кои ги загубија животите во поплавите и одроните предизвикани од обилните дождови во бразилската држава Рио де Жанеиро се искачи на 104.

Секретаријатот за цивилна одбрана на Рио де Жанеиро соопшти дека 104 лица загинале поради поплави и лизгање на земјиштето во планинскиот град Петрополис во државата.

Гувернерот на Рио де Жанеиро, Клаудио Кастро, кој отиде во областа погодена од поплавите, во изјава за медиумите рече дека регионот бил изложен на најсилните врнежи од 1932 година.

Кастро рече дека очекува социјална помош за купување мебел и покуќнина за погодените од поплавата до следната недела.

Пожарникарите кои вршат напори за пребарување и спасување спасија 21 лице, 35 лица досега се водат како исчезнати, но се уште не е утврден точниот број на жртви.

Најмалку 54 куќи се уништени, а повеќе од 370 луѓе се засолниле во засолништа поради поплавите и свлечиштата кои силно го погодија регионот.

Властите прогласија „состојба на катастрофа“ во регионот поради катастрофата во која работеа повеќе од 400 пожарникари и ги повикаа луѓето што живеат во ризичните области да одат во пунктовите за поддршка што се користат како засолништа.

Поради катастрофата, многу училишта и универзитети беа претворени во пунктови за поддршка каде беа згрижени бездомниците и се даваше помош за сиромашните.

На видеата што се споделуваа на социјалните мрежи, се гледа дека по обилните дождови на 15 февруари, на високите места на Петрополис има одрони, поплавени се улици, паркови, пазари, а поплавени се автомобилите и автобусите.

Надлежните соопштија дека Петрополис ги добил очекуваните врнежи во цел февруари за 6 часа.

Повеќе од 900 луѓе загинаа во катастрофата од поплавите што се претвори во трагедија во градот во 2011 година, а повеќе од 100 луѓе исчезнаа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демократите го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран

Kristina Kuzmanovski

Бугарија има најмногу болнички кревети на 100 000 жители – 870, каква е состојбата во Македонија?

Kristina Kuzmanovski

Фон дер Лајен денеска во Киев, најави иницијативи за соработката меѓу европската и украинската одбранбена индустрија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе