Вести Македонија

Патниците непријатно изненадени од зголемувањето на цената на автобуската карта Куманово – Скопје

За триесет денари е покачена цената на автобуските билети на релација Куманово – Скопје, ако патниците плаќале 120 денари за билет, сега во еден правец билетот до Скопје ќе ги чини 150 денари.

Новата цена на билетите од вчера ги изненадила патниците, велат дека немало најава за покачување на цените и тоа негативно ќе се одрази на семејниот буџет.

Платите се ниски и ако од минимална плата треба да се издвојат 3 700 денари само за месечен билет до Скопје, што ќе остане за живот, прашуваат анкетираните кумановци.

„Мојата сопруга и син патуваат секојдневно, тие се вработени во Скопје и државата треба да најде слух да им помогне на транспортните претпријатија и да се врати старата цена на билетите. Наредниот месец имаат најава да платат 3 700 денари за месечен билет. По теркот на другите држави и нашата држава треба да најде терк да ги замрзне цените“, вели нашиот соговорник.

 

„Месечните примања на граѓаните се ниски, а покачувањето на цената на билетот негативно ќе се одрази на семејниот буџет, многу луѓе не можат да си дозволат да отпатуваат во Скопје на лекар или да си ги посетат своите роднини“, вели нашата соговорничка.

 

„Мораме да патуваме, а во однос на трошоците за користење на автомобил до Скопје автобускиот превоз е најевтин особено за студентите, учениците и работниците кои секојдневно патуваат до Скопје“, вели еден кумановец.

Објаснувањето на причината за покачувањето на билетите од транспортните претпријатија  е зголемената цена на горивото и на резервните делови.

На цените влијаело и прогласувањето на недела за неработен ден и тоа што ангажираните возачи и шалтерски службеници од јануари ќе добиваат дневница за работа во предвиден неработен ден.

Сузана Андоновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Докторка претрпела „професионално согорување“ во болницата каде работела, судот ѝ додели отштета 20.000 евра

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Пожари во Франција: Десетици илјади луѓе се евакуирани

Kristina Kuzmanovski

Средба Трамп – Зеленски во вторник во Вашингтон

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе