Вести Наука и здравје

Жена со ХИВ оздравела по трансплантација на матични клетки

Научници од САД објавија дека жена со ХИВ оздравела по трансплантација на матични клетки од донатор отпорен на вируси.

Научниците објавија дека жената е регистрирана како трета личност која преживеала ХИВ користејќи техника на трансплантација на матични клетки.

Според веста на Њујорк Тајмс, во лекувањето на жената, за која е прогласена дека е хибрида, била употребена крв од папочна врвца.

Коен ван Бесиен, еден од лекарите вклучени во лекувањето, рече дека 50 луѓе годишно можат да се лекуваат со оваа метода во САД.

„Способноста да се користат делумно исти графтови од крв од папочна врвца во голема мера ја зголемува веројатноста да се најдат соодветни донатори за такви пациенти“, рече Др.Коен ван Бесиен.

Матичните клетки од папочната врвца не треба да се спаруваат толку блиску како клетките на коскената срцевина. Жената, која се лекувала, во 2013 година и бил дијагностициран ХИВ, а 4 години подоцна и леукемија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Израелски полицаец фрли шок бомба во автомобил со Палестинци и ја блокираше вратата на возачот

Sasko Dimovski

Деветмина управувале со пловни објекти низ Охридско Езеро пијани, а кај секое второ пловило се утврдени пропусти во безбедноста

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Студенти во август и во септември ќе се вклучат во работата на општините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе