Вести Македонија

Производството на електрична енергија е стабилно, парното греење во Скопје ќе се нормализира, порачуваат од АД ЕСМ

Производството на електрична енергија тече според предвидениот план за производство и согласно номинациите на ЕВН и другите потреби, соопшти АД ЕСМ.

Работат два блока во РЕК Битола, гасната електрана Енергетика во Скопје, еден котел во ТЕЦ Неготино, хидроелектраните според потребите и се презема и електричната енергија од ТЕ-ТО, согласно важечкиот договор. Нема никаков застој во производството и електраните се подготвени во секој момент да испорачаат потребни количини енергија во системот.

Што се однесува до системот за парно греење во Скопје, прекинот е настанат поради прекинот на електрична енергија која е неопходна за работа на пумпите во топланите и на пумпите во зградите. Пумпите автоматски се вклучуваат при обновен доток на електрична енергија и е потребно извесно време за нивно подигање, со што се очекува во текот на вечерта греењето да се врати во нормала. Во зградите коишто се постари и со постар тип на топлотни пумпи, вклучувањето ќе се изврши рачно од страна на стручни лица, наведуваат од АД ЕСМ..

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За едно деноноќие 197 граѓани во Гостивар побарале лекарска помош

Sonja Petrusevska

Пропуштање на патнички возила на секои 10 минути, целосен прекин на товарниот сообраќај – грчките цариници најавија штрајк во понеделник

Sasko Dimovski

Зулфикар Зејнула избран за нов министер без ресор – заокружена реконструкцијата на владата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе