Вести Македонија

Патот Демир – Хисар – Кичево е во катастрофална состојба, локалните жители бараат негова реконструкција

Жителите од демирхисарските села денеска излегоа на протест и со земјоделска механизација и автомобили 2 часа го блокираа регионалниот пат Демир Хисар – Кичево, со барање Владата да ја реконструира оваа делница од околу 40 километри, која е во исклучително лоша состојба. Патот е стар речиси половина век, преполн е со ударни дупки, а на места асфалтот е целосно раскопан.

Овој пат е граден некаде 1973 година и досега немало ниту еден зафатен, во катастрофална состојба е. Илузорно е во 21 век да зборуваме за вакви проблеми, за патишта, вели Роберт Ендековски жител на село Жван.

Оваа делница ги поврзува Битола и Демир Хисар со Западниот дел од државата, многу е  фреквентна, а жителите се жалат дека растојанието за кое треба половина час, го минуваат за повеќе од еден час. Велат дека автомобилите им се распаѓаат и ги поправаат секој месец, а на време не можат да пристигнат ниту возилата на итната помош или противпожарните служби.

Секој ден одам на работа во Демир Хисар, ова е страшно нешто, некни ја скинав гумата на колата, а пред тоа ја менував предницата, после зглобот. Не можеш да поминеш и да ги избегнеш дупките, вели Јордан Станковски, жител на село Жван.

И градоначалникот на Демир Хисар, Никола Најдовски им даде поддршка на жителите и се приклучи на блокадите, но рече дека до сега не остварил контакт со надлежните министерства за овој проблем. Жителите, пак велат дека ќе ги радикализираат протестите доколку наделжените не одговорат на нивното барање.

Бараме брз, реален и остварлив датум за рехабилитација на овој пат. Доколку не ни одгворат ние ќе ги интензивираме нашите протести и ќе блокираме на повеќе места, рече Виктор Блажевски жител на Демир Хисар.

Од Министерство за транспорт и врски велат дека ЈП за државни патишта веќе работи на проектна документација за целосна рехабилитација на овој патен правец, која се очекува да биде готов оваа пролет. Во меѓувреме ќе се изврши санација на најоштетените делови на делницата, велат од Транспорт и врски.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вреди обвинува за бугарски воз, ДУИ за мајоризација

Дејан Дејан

Бауш: Прво да се стави ред со трошењето дома, па потоа да се размислува за позајмици од една милијарда евра

Дејан Дејан

Бесим Красничи не е екстрадиран бидејќи на косовската полиција и избегал од домашен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе