Uncategorized

Русија и Белорусија на 10-дневни воени вежби

Десетдневни воени вежби почнуваат руските и белоруските војници на територија на Белорусија. Според руското министерство за одбрана целта на овие маневри е да се извежбаат заедничките методи за да се спречи или одговори на надворешна агресија во рамки на одбрамбена операција. Но, ниту Минск, ниту Москва не го кажуваат бројот на војници кои се дел од вежбата. Проценките на Западот се дека станува збор за 30 илјади руски трупи кои се стационирани на белоруска територија. Руско-белоруските воени вежби за Америка се веќе сериозна закана, а Пентагон во Полска ја испрати и 82-рата падобранска единица. Нивната задача ќе биде брза евакуација на населението ако ситуацијата ескалира.

Тие се способни за повеќе мисии и ќе бидат подготвени да направат голем број непредвидени ситуации, вклучително беше прашан, дали тоа вклучува евакуација? И тој рече, ако тоа е она што сме повикани да го направиме, ние сме способни да го направиме тоа, вели Џон Кирби – портпарол на Пентагон.

За Украина, вежбите се психолошки притисок, затоа продолжуваат да ја собираат воената помош од Западните сили. Во меѓувреме, Европа не се откажува од дипломатската мисија, која продолжува и денеска со нови убедувања до Москва, која за кризата со Украина најмногу ги обвинува англо-саксонските нации. Во нов обид денеска првите дипломати на Лонон и Москва. Лавров е подготвен за новите предлози од Лондон, но инсистира тие да бидат суштински.

Идеологизирани пристапи, ултиматуми, закани, морално учење – тоа е патот до никаде. За жал, многу од нашите западни колеги сега се понесени токму од овој облик на нивната јавна активност. Не можам да го наречам тоа дипломатија, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Британската министерка за надворешни му порача да ја напушти реториката од студената војна и да се насочи кон значајните дискусии со НАТО, почитувајќи го територијалниот интегритет на Украина.

НАТО јасно стави до знаење дека секој упад во Украина би имал огромни последици и носи сериозни трошоци. Постои алтернативен пат, дипломатски пат кој избегнува конфликти и крвопролевање. И како што велите, ова ќе ни овозможи да изградиме врски, рече министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас.

Русија уверува дека откако ќе завршат вежбите, нивните војници ќе се повлечат и вратат на постојаната база. Велат дека заедно со Белорусија се соочуваат со постојани закани од Западот. Ова е првпат белорускиот претседател Лукашенко да даде дозвола на негова територија да влезат руски војници. Во 2014-та кога Русија го напаѓаше Крим, тој стоеше на страна. Во 2020-та тој прогласи победа на претседателските избори, иако реалните бројки тоа не го кажуваа што предизвика масовни демонстрации. Путин беше единствениот кој му помогна да остане на функцијата, и оттогаш нивната конекција е нераскинлива.

Алиса Шутиноска

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе