Вести Свет

Европска дипломатска офанзива за избегнување на нов конфликт во Украина

Лидерите на двете најголеми европски земји во дипломатска офанзива на дијаметрално спротивни страни на светот. Германскиот канцелар Олаф Шолц пристигна во САД, каде ќе се обиде да го убеди американскиот претседател Џо Бајден дека Германија, исто како и останатите западни сојузници, се противи на дополнителна руска агресија кон Украина. Повеќето западни сојузници се гневни поради одбивањето на Берлин да достави оружје во Украина, да распореди дополнителни сили во Источна Европа или да ги подржи новите европски санкции за Русија. Но Шолц тврди дека Германија го исполнува својот дел.

„Имаме војници во Литванија, ние водиме сметка воздушното патролирање на НАТО границата да функционира добро, и во исто време ние сме тие кои со години обезбедуваат голема финансиска помош за Украина. Од 2014 година ние сме најголемите донатори на билатерална, економска и финансиска помош.“ – изјави Олаф Шолц – Канцелар на Германија.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска и утре ќе ги посети Моксва и Киев, во обид преку дипломатски средства да се спречи воена конфронтација во Украина. Претходно во неделното издание на Журнал ду диманш, францускиот претседател предупреди дека е нереално западот од Русија да очекува еднострани постапки кои ќе доведат до деескалација и порача дека ЕУ и НАТО мораат да ги земат во предвид и руските забелешки.

Макрон ја презема оваа дипломатската офанзива, со едно око на претседателските избори во Франција закажани за април, и во исто време претставува продолжување на неговите напори да се престави како водечки европски политичар по повлекувањето на Ангела Меркел. Во текот на викендот тој одржа низа средби и разговори, со американскиот претседател Џо Бајден, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и повеќе претседатели и премиери на земји членки на ЕУ за координација на ставовите на западните сојузници.

За разлика од европските земји кои настојуваат преку одмерени изјави да инсистираат дека дипломатско решение е можно, САД повторно предупреди дека руската инвазија на Украина може да започне во секој момент, посочувајќи дека русија веќе распоредила дури 70 проценти од силите потребни за напад.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе