Uncategorized

Путин ги обвини САД дека сакаат да ја вовлечат Русија во војна со Украина

Рускиот Претседател Владимир Путин ги обвини Соединетите американски држави дека се обидуваат да ја вовлечат неговата држава во војна во Украина а нивната цел е да го го искористат евентуалниот судир како изговр за воведување нови санкции против Руската федерација. Шефот на руската држава ги обвини западните сојузници дека ја излажале официјална Москва со ветувањето дека нема да ја шират својата воена инфраструктура кон истокот. Полска, Романија , Балтичките земји а сега сакаат и Украина да ја внесат во НАТО, изјави Путин.

Тој повторно предупреди дека доколку Украина стане членка на НАТО, би можела да ги вовлече другите земји членки во војна со Русија.

„Да замислиме дека Украина е членка на НАТО, преполна е со оружје, добива напредни средства за напад како оние во Полска и Романија и започнува со операција на Крим. Не ни зборувам за Донбас. Крим е суверена руска територија. Да замислиме дека Украина е членка на НАТО и ќе започне со воена операција. Што треба ние тогаш да направиме? Дали треба да војуваме против НАТО блокот? Дали некој воопшто размислувал за тоа? Очигледно не.“ – изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Путин ги критикуваше Западните сојузници заради нивното одбивање да го прифатат барањето на официјален Кремљ дека НАТО нема да се прошири со Украина, нема да распореди оружје и воени системи во близина на границата со Русија и да ги повлече своите сили од Источна Европа.

Рускиот претседател предупреди дека одбивањето на западните сојузници да ги разгледаат барањата на западните сојузници претставува прекршување на нивните обврски за почитување на безбедноста на сите нации, инсистирајќи дека решението може да се најде само преку преговори.

„Треба да најдеме начин да ја обезбедиме безбедноста на сите учесници во овој процес: Украина, Европските земји, Русија. Тоа може да се направи саму преку сериозно, промислено прифаќање на документите кои ние ги предложивме“, рече Путин.

 

Во меѓувреме, Западот со интензивни дипломатски посети, финансиска и воена помош за Киев, се обидува да ја одврати Русија од евентуалната воена офанзива во Украина, за која тврди дека се подготвува со распоредувањето на над 100 000 војници во близина на границата. Една руска чизма ако стапне во Украина ќе воведеме остри санкции, порача синоќа од Киев, британскиот премиер, Борис Џонсон.

„Пред 2 недели, испративме анти-тенковско оружје за да ја засилиме украинска одбрана дополнително а денеска објавив дополнителни 88 милиони фунти британска помош за поддршка на доброто владеење и енергетската независност на Украина“, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.

Во согласност со западната реторика и покрај постојаните руски деманти, Џонсон повторно го предупреди Путин дека инвазијата на Украина би претставувала политичка, хуманитарна и воена катастрофа.

Никола Илиевски

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе