Uncategorized

Битолчанец стои зад заканите за ликвидација на обвинителите Јовески и Рускоска но и американскиот помошник секретар Ескобар

Триесет дневен притвор за 56 годишниот битолчанец кој ги упатил заканите за ликвидација на републичкиот Јавен обвинител Љубомир Јовески и шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Рускоска, но и до амбасадата на САД за ликвидација на Габриел Ескобар, помошник секретар во американскиот Стејт Департмент и други дипломати.

Осомничениот Стевче Зика утрово е приведен од битолската полиција која извршила претрес во неговиот дом и домот на неговата мајка каде се запланети мобилен телефон и лап топ компјутер.

Против него е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста за која е предвидена затворска казна од три месеци до три години.

Истрагата потврди дека тој ги испратил двете писма иако навел лажни имиња како испраќач, а ги испратил од поштите во Битола и Прилеп, што е потврдено од безбедносните камери во поштанските филијали.

Серијата со испраќање на заканувачки писма Зика ја почнал на 11 декември кога од поштата во Прилеп го испратил писмото со заканивачка содржина до амбасадата. На 20 и 22 декември од истата пошта ги испратил писмата до обвинителката Рускоска а на 17 јануари и до обвинителот Јовески.

Во писмото испратено до републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Зика бараше да се запре постапката против двајцата новинари на ТВ Алфа, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ

„Новинарите Горан Момировски и Драган Милосављевиќ, слободно да бидат ослободени бидејќи се новинари кои се со највисоки еминентни заслуги и имаат астрономска поддршка насекаде низ државата, кои се борат и ќе ги бранат до последна капка крв бидејќи го претставуваат и се гласот на македонскиот народ. Љубомир Јовески ослободете ги еднаш, ослободете ги од сите обвиненија бидејќи се невини за какво било злосторство или Љубомир Јовески ќе те убиеме многу брзо“ – напиша во писмото заканувачот.

Од обвинителката Рускоска исто трака заканувајќи се со ликвидација  барал да ги гони екс премиерот Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев  а рокот дека ќе биде убиен веќе беше истечен.

Заедничко е за двете писма што беа напшишани на македонски и англиски јазик.

За новинарите Момировски и Милосављевиќ до Обвинителството беше поднесена кривична пријава од Агенцијата за разузнавање во врска со наводи за безбедносни и разузнавачки структури изнесени во емисијата „Заспиј ако можеш“ емитувана на ТВ Алфа. Тие во ноември лани беа повикани и да дадат исказ а во декемви предметот бил запрен бидејќи надлежниот обвинител сметал дека нема место за јавно-обвинителско постапување

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе