Вести Код Македонија Топ вести

ФОТО: Отворено сандаче за гасење на семафорот на Партизанска кај Сити мол, а никој не кажува кој го изгаснал семафорот пред загинувањето на Викторија минатиот четврток

Во вечерашната емисија КОД, една од темите е реконструкција на сообраќајнат несреќа во која загина Викторија Николова од Радовиш на пешачки премин на Партизанска кај Сити мол. Обвинителството веднаш објави дека семафорите биле исклучени и работеле само жолтите светла.

До сега никој не соопшти кој и поради што ги исклучил семафорите. КОД испрати прашања и до МВР и до град Скопје, а упати и прашање до скопскиот обвинител Гаврил Бубевски во интервјуто кое ќе се емитува во КОД вечерва (недела 30.01.2022.) во 19:15. Никој од нив не одговори кој ги исклучил семафорите.

Првични сознанија се дека немало ниту поминување на делегација или ВИП функционерски конвој, а немало ниту сообраќајни редици како причина за исклучување.

На лице место, кога екипата на КОД отиде да провери, сандачето во кое се наоѓа прекинувачот за семафорите на оваа голема раскрсница, беше отворено. Секој минувач може да го исклучи.

Упатените ни кажаа дека многу често семафорите ги исклучуваат луѓето кои мијат стакла на автомобилите за да предизвикаат гужва или пак ги исклучуваат и деца и тинејџери кои живеат во околината и знаат за негрижата на надлежните за прекинувачите за семафорите.

Уште на неколку големи раскрсници низ Скопје може да се забележат вакви отворени сандачиња во кои се прекинувачите за вклучување и исклучување на семафори.

Во КОД вечерва за трагедијата на Партизанска, како и зошто се уште не се користат видео камерите од два системи за видео надзор во Скопје за сообраќајни казни.

КОД: Реконструкција на сообраќајната несреќа кај Сити мол

КОД истражување и за цената за системот Safe City вграден во 2012-та, кој повеќе се употребуваше за други работи отколку за зголемување на безбедноста во сообраќајот со изрекување на казни. Цената се крие иако според сознанијата изнесува повеќе милиони евра за набавка и за постојано одржување.

Во КОД вечерва и продолжение за парите и профитот на БЕГ и Те-То врз основа на новите договори со Електрани кои беа направени за спас на скопското парно греење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се сретнаа Лавров и Рубио, во Ријад почнуваат руско-американските разговори

Дејан Дејан

Земјотреси од 4,9 и 5 степени регистрирани во близина на Санторини

Дејан Дејан

Стабилно, суво и студено време – Временска прогноза за 19.2.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе