20 јануари 2022 19.20 часот
24 годишните Леонид Даов и Викоторија Николова излегуваат од продавницата која е лоцирана помеѓу станбената зграда поврзана со трговскиот центар попозната како Сити Товер и соседната Сити Гарден. Продавницата има два излези и кон улицата Манапо но и кон Љубљанска.
Двајцата одлучуваат да ја напуштат токму од вториот влез односно оној кој води преку паркингот кон Љубљанска. Се движат покрај салата Партизан по тротоарот и токму кога пристигнуваат кај кафулињата на пешачкиот премин ја преминуваат љубљанска од другата страна.
„Тука беше безбедно. Преминавме од другата страна и се движевме кон булаварот Партизански Одреди. Кога пристигнавме на тротоарот застанавме и забележавме дека сите семафори се исклучени и трепкаат со жолта боја. Се задржавме 20 – на секунди, долго време гледавме кон лево и кога беше се чисто го преминавме првиот дел и застанавме на островчето.“-ни раскажа Леонид.
Овде Викторија и Леонид се задржуваат покусо. Гледаат кон десно и во еден момент на средната од трите ленти, застанува црно возило кое ги пропушта пешаците кои чекаат пред пешачкиот премин бидејќи семафорите трепкаат во жолта боја па тие имаат предност.
„Веднаш тргнавме. Направивме три до четири чекори, а јас одев еден чекор пред Викотрија. За момент како да видов некаков блесок и инстинктивно повторно се свртев кон десно. Наеднаш пред мене беа две светла од автомобил и следно што почувствував беше удар“, се присетува Леонид Даов.
Билјана Николовска
Во КОД вечерва за трагедијата на Партизанска, како и зошто се уште не се користат видео камерите од два системи за видео надзор во Скопје за сообраќајни казни.
КОД истражување и за цената за системот Safe City вграден во 2012-та, кој повеќе се употребуваше за други работи отколку за зголемување на безбедноста во сообраќајот со изрекување на казни. Цената се крие иако според сознанијата изнесува повеќе милиони евра за набавка и за постојано одржување.
Во КОД вечерва и продолжение за парите и профитот на БЕГ и Те-То врз основа на новите договори со Електрани кои беа направени за спас на скопското парно греење.
Интервју со скопскиот обвинител Гаврил Бубевски за проблемот со сообраќајните несреќи, истрагите и казните за сообраќајните кривични дела.
Емисијата КОД е вечерва (30.01.2022.) во 19:15 на Телма.