Заглавени возачи со часови на улиците и булеварите, полесно повредени патници во воз, паднати дрва, прекини во снабдувањето со електрична енергија, остави зад себе невремето „Елпида“, што ја погоди централна Грција и дел од островите. Најголем проблем за жителите на Атина беше обиколницата на патот кој води до аердоромот. Снежната бура буквално ги затече возачите кои застанаа на сред пат и останаа заглавени во своите автомобили. Спасувачите цела ноќ се бореа да ги извлечат, а им беа делени храна и ќебиња. Властите ги обвинија раководните лица за одржување на патиштата, кои на неколку состаноци ги убедувале дека имаат доволно опрема за да го исчистат снегот. Железницата не работи, исто како и аеродмот, децата останаа дома, не работат ниту банките и локалните продавници. Луѓето се алармирани за тешката ситуација.
Ја испраќаме оваа итна порака за екстремните временски услови. Ситуацијата е тешка. Сите треба да бидеме внимателни и љубезно ве молиме да ги следите сите инструкции од властите, рече Христос Стилијандис, министер за цивилна заштита и климатски кризи.
Ниту Истанбул не остана поштеден од невремето Елпида, кое навеа снег од речиси еден метар. А хаосот во сообраќајот беше неизбежен.
Имаме региони каде дебелината на снегот достигнува 80 сантиметри, особено на северната страна. Според некои мерења снегот на овој дел од патиштата достигна до еден метар. Генерално во градот имаме снег помеѓу 35 и 50 сантиметри. Врнежи од снег, како и вчера, така и денеска во вечерните часови после 18 часот ќе продолжат со силно темпо, изјави градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.
Авионските летови се одложени до полноќ, а забранети се и пристигнувањата по другите сообраќајни мрежи во градот. Врнежи од снег се најавени и за вечерва. Иако луѓето се повикани да останат дома, сепак многумина го искористија денот за снежна забава, па дури и скијање низ улиците.
Мартин Николовски
