Uncategorized Култура

Театарот за деца и младинци вечерва по 250 пат ќе ја одигра „ Црвенкапа“

Театарот за деца и младинци -Скопје вечерва ќе ја одржи 250 изведба на претставата „ Црвенкапа“. Станува збор за претстава на режисерот Димитар Христов, чија премиера беше одржана на 07.12. 2001 година, според драматизација на Александар Поповиќ, на бајката на Шарл Пјеро. Што значи дека „ Црвенката“ слави уште еден јубилеј, а тоа е 2 децении континуирана изведби на репертоарот на Театарот за дена и младинци.
– Уште една бајка за која не треба да се трошат зборови, зашто скоро и да нема дете на кое не му е позната приказната за девојчето, кое одејќи на пат кон куќичката на нејзината баба, во шумата налетува на волкот. Во драматуршката предлошка на Александар Поповиќ се појавува ликот на Иванка, која не постои во оригиналната приказна. Иванка е палавата другарка на Црвенкапа и во нашата претстава сосема солидно е одиграна од Винета Дамческа. За Ана Левајковиќ-Бошков, која ја толкува улогата на Црвенкапа, што и да се каже ќе биде премалку за да се опише нејзиното соживување со добро познатиот лик. Можеби најмаркантниот лик во оваа претстава е ликот на Волкот, одигран од феноменалниот Владимир Лазовски. Постојат и други Црвенкапи, на други театри, но ниедна од нив нема ваков Волк кој оставил толку силен впечаток кај детската публика. Прерано е да се каже дека ова е неговата животна улога, бидејќи Лазовски има потенцијал да им подари на децата уште многу вакви незаборавни театарски ликови. Ќе ги изеде ли Волкот Црвенкапа и Бабата, останува да проверете и да се уверите во сето она што сте го слушнале за оваа претстава, велат од ТДМ во ФБ најавата за вечерашната изведба.
Покрај споменатите актери, во претставата настапуваат: Катарина Илиевска Силјановска, Марија Ѓорѓијовска и Драган Довлев
Сценографијата е на Живоин Трајановиќ, костимите се авторство на Лира Грабул, музиката е на Љупчо Мирковски, а кореограф на претставата е Сања Шутевска.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе