Вести Свет

Премиерот на Романија го плагирал својот докторат

Романскиот премиер, Николае Чука, кој на оваа позиција е помалку од два месеци, е обвинет дека направил плагијат на речиси една третина од својата докторска дисертација, јави порталот Политико.

Најмалку 42 од 138 страници во документот се плагијат, се наведува во истрагата на романската новинарка Емилија Серџан, која презентирала докази во кои го обвинува премиерот дека не само што го плагирал  текстот на други автори „од збор до збор“, туку и дека користел различни техники да го сокрие плагијатот.

Чука, поранешен припадник на армијата, ги отфрли обвинувањата за плагијат и кажа дека неговиот докторат бил напишан во согласност со сите законски барања во времето кога бил напишан.

„Овие јавни обвинувања не можат да бидат научно поткрепени на било кој начин“, се наведува во соопштението објавено на неговиот Фејсбук профил.

И покрај тоа што Чука изјави дека не направил ништо лошо, моќниот опозициски политичар Дачијан Колос, од синдикатот „Да ја зачуваме Романија“, повика на итно разјаснување на ситуацијата и отворање истрага, додавајќи дека доколку наводите се точни, премиерот мора да поднесе оставка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан дупот за Барутана кој предвидува изградба на 24 хацијенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе