Вести Македонија Најважни

Аналитичари: Се создава атмосфера на пријателство и простор за дијалог со взаемно почитување меѓу Скопје и Софија

Се создава атмосфера на пријателство и простор за меѓудржавен дијалог со взаемно почитување. Вака аналитичарите ја оценуваат првата посета на премиерот Петков на Скопје. При тоа, сосема очекувано, таканаречените тешки прашања не се отворени. Меѓу нив, секако е и прашањето за македонското малцинство. Бугарија тврди дека го нема, но претседателот Пендаровски прифати да се сретне со ОМО Илинден Пирин, кои своето постоење го докажуваат преку Стразбур.

Бугарија симболично подаде рака на пријателство со прифаќањето на краткото име на државата, но нема најава дека ќе отстапи од своите барања како услов за деблокада на нашите евроинтеграции. Вакви се првичните оценки на аналитичарите од посетата на премиерот Петков на Скопје. Директорката на ЕПИ, Симонида Кацараска вели дека најпозитивниот момент е  нормализирањето на начинот на кој двете земји разговараат.

Кацараска констатира дека таканаречените „тешки теми“ денеска воопшто не се отворени. Меѓу нив, и прашањето за бугарските граѓани кои се чувствуваат како македонци.

Неколку дена пред денешната посета, Петков рече дека во Бугарија не постои македонско малцинство. Но, Партијата на Македонците во неговата земја, ОМО Илиден Пирин му одговори дека тоа е лага.

Омо Илинден Пирин: Во Бугарија има и ќе има македонско малцинство. Негирањето на македонското малцинство е срам за бугарската држава и демократија. Зборовите на оние кои ја негираат вистината немаат моќ да ја сменат реалноста.

Министерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ рече дека малцинствата се внатрешно прашање на секоја држава, дека ние имаме пракса на немешање и дека тие права треба да се остваруваат преку Советот на Европа. Сепак, кабинетот на претседателот Стево Пендаровски најави дека го прифаќа барањето за средба од ОМО Илинден. Изминативе години, оваа организација има добиено 12 од вкупно 16 пресуди во Стразбур.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Глетката убава, а излезноста мала во скопските села Црвена вода и Палиград

Дејан Дејан

Во Радовиш се покажувале гласачки ливчиња, додека во Охрид истите се сликале

Дејан Дејан

ЈО истражува: евентуален поткуп во Делчево, поставувале водомери во неколку населени места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе