Вести Македонија Најважни

Со 62 гласови „За” Собранието ја избра новата македонска Влада предводена од Димитар Ковачевски

Со 62 гласови „За”, 46 против и ниту еден воздражан, Собранието ја изгласа новата Влада на Република Северна Македонија предводена од претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Ковачевски во завршниот говор пред гласањето на новата Влада рече дека Владата има легитимитет до 2024 година.

„Оваа Влада има легитимитет и таа ќе работи до 2024 година кога ќе има избори, до тогаш ќе работиме транспарентно и работливо, уште од првиот ден, уште од утре. Веќе утре ќе расправаме за енергетската криза. Задутре ќе разговарам со бугарскиот премиер Кирил Петков базиран на почитување на македонскиот идентитет и посебност. Веднаш потоа ќе расправаме за пензиите и за стандардот на граѓаните. Имам јасен план за реализација на програмата со реални рокови“, изјави на крајот од расправата мандатарот Димитар Ковачевски порачувајќи дека доаѓа ново време.

„Искрено се надевам дека опозицијата ќе биде конструктивна и дека ќе работи заедно со нас секогаш кога тоа е во интерес на граѓаните. Повикувам да престанат политичките и етничките поделби и заедно да ги решаваме клучните приоритети. Повеќе од кога било е потребно да се работи“, рече Ковачевски.

На крајот од кусото обраќање тој рече: „Верувам дека ќе ја подготвиме нашата држава за новото време. На сите граѓани им посакувам добро здравје, мир и спокојство во семејствата. Ветувам дека ќе направиме се да ја оправдаме  довербата на граѓаните. Доаѓа ново време, доаѓа подобро време, да живеат граѓаните, да живее Северна Македонија“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сообраќјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Трамп се откажа од 20-процентната такса за бродовите во Ормускиот Теснец

Kristina Kuzmanovski

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе