Вести Македонија Најважни

Ковид-тестови на диво во „импровизиран пункт“ во дојранско казино

Казиното кое стана познато по грчки ТВ Прилог за лажни негативни тестови било посетено од здравствено-санитарни инспектори на 6-ти јануари. Според информациите на Телма станува збор за казиното ДТУ Кинг Еуропе, а истиот ден инспекторите од ДЗСИ ја проверувале и документацијата во приватната лабораторија Елимедика плус од Гевгелија.

Од ДЗСИ велат дека во казиното нашле „див“ пункт за ковид тестирање без никакви дозволи за таа работа и без почитување на правилниците за здравствена заштита.

При надзорот во казиното Кинг во Дојран е констатирано дека постои „импровизиран пункт“ лоциран на првиот спрат во административниот дел, а на таа просторија имало ознака „Covid test“. Во моментот на надзорот во просторијата затекнати биле три медицински лица во комплетна лична заштитна опрема. Во евиденцијата за тој ден биле евидентирани 7 тестирани лица. При надзорот во ПЗУ Елимедика плус, прегледана е медицинската документација согласно законите кои се во надлежност на ДСЗИ.

По завршување на надзорите Инспекторатот донел две забрани за вршење на здравствена дејност спротивно на прописите за здравствена заштита односно забранил на лабораторијата да тестира надвор од сопствените лиценцирани простории. Забрането е и воопшто во казино да се тестираат играчи на покер апарати, главно дојдени од Грција. Забраните се издадени и на казиното Кинг и на лабораторијата Ели медикал ДСЗИ.

Тврдењето за негативни тестови издавани без тестирање се однесува на Елимедика плус. Откако вчера побаравме одговор од сопственикот Јанев – тој доцна синоќа ни врати дека не сме почекале прво да ни одговори, па да го подготвиме прилогот.

Си направивте ваша строрија, во која искажувате ваши ставови и анализи со кои грубо го нарушивте нашиот рејтинг како здраствена установа. ПЗУ Ели-Медика Плус Гевгелија е овластена установа по молекуларна лабораторија која поседува уредна документација за извршување на дејноста за која е регистрирана. Во наш интерес како компанија е спомнатиот од вас случај да биде брзо и навремено расчистен од страна на надлежните институции, вели д-р. Ѓорѓи Јанев, СОПСТВЕНИК НА ПЗУ Елимедика Плус- Гевгелија. 

Во меѓувреме продолжува и истѕрагата за конкретниот случај за тоа дали и како се издавале лажни негативни тестови на грчки-покер турусти. Од МВР ни потврдија дека се истражуваат сите казина кои се наоѓаат во близина на јужната граница.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе