Вести Свет

Во протестите во Казахстан загинаа 26 демонстранти

Министерството за внатрешни работи на Казахстан извести дека во антивладините демонстрации животот го загубиле 26 демонстранти.

Во соопштението на министерството се наведува дека операцијата иницирана од безбедносните сили во рамки на вонредната состојба прогласена во Казахстан продолжува.

Од Министерството информираат дека дека ситуацијата е под контрола, се исчистени административните и општинските згради во сите градови и се создадени 70 пунктови низ државата.

„Безбедносните сили обезбедија социјален ред во градот Алмати, заштитени стратешки места. Операцијата за чистење продолжува на улиците“, пишува во соопштението на казахстанското министерство за внатрешни работи.

Во соопштението е забележано дека нивото на опасност од тероризам е подигнато на „критично црвено“, а се наведува дека 26 од демонстрантите загинале, додека пак 18 се повредени.

Изминативе денови во инцидентите во Казахстан биле приведени над 3.000 лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Иран го нападна Јордан

Kristina Kuzmanovski

Сообраќaјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе