Вести Свет Топ вести

Цените на горивата ги судри војниците и демонстрантите во Казахстан, убиени над десет полицајци

Насилните протести во Казахстан поради зголемувањето на цените на горивата продолжија откако Белата куќа и Обединетите нации побараа од казахстанските власти да покажат „воздржаност“ во справувањето со граѓанските немири.

Неколку оклопни транспортери и десетици војници кои се движеа пеш влегоа на главниот плоштад во Алмати, најголемиот град во Казахстан, каде стотици протестираа против владата трет ден.

Според очевидци, се слушнале истрели додека војниците се приближувале до толпата.

Прес-секретарот на Белата куќа Џен Псаки рече дека Соединетите Држави ги поддржуваат „повиците за смиреност“ и рече дека демонстрантите треба да можат „да се изразуваат мирно“, повикувајќи ги властите „да покажат воздржаност“.

Обединетите нации, исто така, ги повикаа сите страни да „да бидат воздржани, да се воздржат од насилство и да промовираат дијалог“.

Казахстанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека осум полицајци и членови на националната гарда загинале во немирите, а повеќе од 300 се повредени. Од Министерството не објавија бројки за цивилни жртви.

Протестите во Казахстан започнаа со почетокот на новата година и ескалираа во судири со полицијата во средата, кога владата прогласи вонредна состојба на национално ниво.

Ескалацијата дојде откако избија протестите поради покачувањето на цената на горивото и истите се претворија во судири, а демонстранти упаднаа во владините згради.

Властите го прекинаа пристапот до интернет и мобилни телефони на национално ниво и претходно прогласија вонредна состојба во центрите на протестите, финансискиот главен град Алмати и провинцијата Мангистау.

Вонредната состојба беше прогласена и во главниот град Нур-Султан, а подоцна беше проширена низ целата поранешна советска земја.

„Лудите руски тврдења“ за американска позадина зад масовните демонстрации се „апсолутно лажни и очигледно се дел од стандардната руска дезинформациска книга“, додаде Псаки.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс го осуди уништувањето на имотот, но исто така го критикуваше прекинот на интернетот од страна на владата.

„Бараме од сите Казахстанци да ги почитуваат и бранат уставните институции, човековите права и слободата на медиумите, вклучително и преку обновување на интернет услугата“, се вели во соопштението на Прајс.

Обединетите нации, исто така, ги повикаа сите страни да „да бидат воздржани, да се воздржат од насилство и да промовираат дијалог“, бидејќи портпаролот Стефан Дујарик рече дека организацијата ги следи настаните „со загриженост“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Иран го нападна Јордан

Kristina Kuzmanovski

Сообраќaјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе