Вести Свет

Човек осуден на 37 години затвор поради лажно сведочење е ослободен

Френклин Лина сослушувањето во ноември 2021 година кажа дека во 1983 година, 2 полицајци воделе случај на убиство извршено во 1980 година. Ли изјавил дека во тоа време бил во затвор под обвинение за силување и убиство.

По понудата за сексуални односи, дрога и намалена затворска казна за возврат полицијата да сведочи против Стоукс, Ли изјавил дека ја прифатил понудата.

Ли призна дека на сослушувањата лажно сведочел дека Стоукс го извршил убиството.

Стоукс беше осуден на доживотен затвор во 1984 година, за што Ли истакна дека и тој бил ослободен пред две години.

Ли му се извини на Стоукс на сослушувањето за „неволјата што ја предизвика“

61-годишниот Стоукс беше ослободен од затвор во близина на Филаделфија, Пенсилванија, по долги судски постапки. Неговиот адвокат Мајкл Дајмондштајн го изрази своето задоволство за што рече дека колку овој ден е прекрасен, толку и тажен поради неправдата во спроведувањето на законот во Филаделфија.

Од друга страна, се дозна дека двајцата полицајци инволвирани во инцидентот повеќе не биле живи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Иран го нападна Јордан

Kristina Kuzmanovski

Сообраќaјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе