Вести Забава

Модераторот на ТикТок ја тужи компанијата за „психолошка траума“

Кенди Фрејзиер, поранешна модераторка во ТикТок објасни дека претрпела значителни психолошки трауми, вклучувајќи анксиозност, депресија и посттрауматско стресно растројство поради тоа што ја контролирала содржината на видеата што содржат „екстремно и впечатливо насилство“ и тоа го правела по 12 часа на ден.

Фрејзиер ги тужи TикТок и нејзината матична компанија, кинескиот технолошки гигант Бајтданс, за што тврди дека во својата улога како модератор, гледала сензационални содржини како што се сексуални напади, канибализам, геноцид, масовни убиства, сексуална злоупотреба на деца и осакатување животни.

Модераторите од страна на компанијата биле известени дека за време на 12-часовната смена имало 15-минутна пауза по првите четири часа работа, по што следувала 15-минутна пауза на секои два часа.

Во септември, ТикТок објави дека 1 милијарда луѓе ја користат апликацијата секој месец.

ТикТок: Обезбедуваме психолошка поддршка

За да ги заштити своите корисници, платформата за споделување видеа користи илјадници внатрешни и договорни модератори на содржина за да ги филтрира видеата и сметките што ги прекршуваат нејзините правила.

ТикТок не ја коментираше „тековната“ тужба, но рече дека фирмата одржува грижлива работна средина за вработените.

„Нашиот безбедносен тим соработува со компании од трети страни за да помогне во заштитата на платформата и заедницата на ТикТок, а ние продолжуваме да ги поддржуваме модераторите ментално и емоционално.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судење за пожарот во „Пулс“, Обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација

Kristina Kuzmanovski

Продолжува комисиската расправа по предлог ребаланост на Буџетот

Kristina Kuzmanovski

Нетанјаху: Израел не е во постојана војна

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе