Вести Свет

Полицијата упадна во канцеларија на продемократски портал во Хонг Конг при што уапси седум лица

Стотици полицајци за национална безбедност во Хонг Конг упаднаа во просториите на продемократскиот портал „Стенд Њуз“ и уапсија седум лица, вклучувајќи го и главниот уредник, под обвинение за „заговор за објавување на бунтовнички содржини“.

Новинарството не може да биде средство против националната безбедност, рече главниот секретар на Хонг Конг Џон Ли и рече дека ја поддржува полициската акција.

„Стенд Њуз“ објави написи кои поттикнуваат омраза против владата, вклучително и судството, соопшти полицијата, пренесе Ројтерс.

„Поради ситуацијата, Стенд Њуз се гаси“, беше објавено на Фејсбук со најава: „ВД главен уредник Патрик Лам поднесе оставка и сите вработени се отпуштени“.

Рацијата дополнително ја зголемува загриженоста за слободата на говорот и медиумите во поранешната британска колонија, која се врати под кинеско владеење во 1997 година со ветување дека ќе заштити широк опсег на индивидуални права.

Полицијата во Хонг Конг соопшти дека го замрзнала имотот на порталот во вредност од 61 милион долари.

Полицијата не исклучува дека ќе следат нови апсења како дел од тековната истрага против Стенд Њуз.

Поттикнувањето на бунтот не е кривично дело според сеопфатниот закон за национална безбедност што Пекинг му го наметна на градот во јуни 2020 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран го нападна Јордан

Kristina Kuzmanovski

Сообраќјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Трамп се откажа од 20-процентната такса за бродовите во Ормускиот Теснец

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе