Вести Свет

Путин возврати: Западот нам треба да ни даде безбедносни гаранции

Западот нам треба веднаш да ни даде безбедносни гаранции, наместо да зборува за тоа со децении, порача на редовната годишна мега прес конференција претседателот на Руската федерација, Владимир Путин, одговарајќи на прашањата дали неговата држава ќе гарантира дека нема да ја нападне Украина, тема за која со недели се шпекулира во западните медиуми.

Тој остро го посочи прстот кон НАТО и западот предводен од Соединетите американски држави, дека ја излажал Русија уште во 90-тите години од минатиот век, кога официјална Москва добила гаранции дека северно-атлантската алијанса нема да се шири на Исток.

“Ниту еден сантиметар кон Исток” ни беше кажано така во 1990-тите. И што се случи? Бевме излажани. Бевме грубо излажани. Имаше 5 бранови на проширување на НАТО. И сега овие ракетни системи се појавуваат во Полска и Романија. За тоа станува збор. Мора да сфатите: Не сме ние тие кои се закануваат. Ние не дојдовме до границите на САД или Велика Британија. Сега и ни кажувате: И Украина ќе биде дел од НАТО, изјави Владимир Путин, претседател на Русија

Ова се случуваше година по година, ни велеа: “Губете се и вие и вашите грижи, ние ќе правиме што сакаме”. Еден, два, три, четири, пет. Пет проширувања на НАТО, додаде Путин.

Минатата недела, официјална Москва испрати предлог безбедносни договори со кои бара НАТО да ја отфрли можноста за прием на членство на Украина или која било друга земја членка на СССР, како и да ги повлече воените сили распоредени во Централна и Источна Европа. Еден од клучните принципи на Северно-атлантската алијанса е дека правото на членство останува можност на секоја земја која ги исполнува критериумите.

САД и нивните сојузници веќе најавија дека не размислуваат на Русија да и дадат гаранција каква што Путин посакува. Путин денеска го обвини и Западот дека активно се обидувал да ја растури Руската федерација.

Зошто ги подржувавте терористите во Северен Кавказ и очигледно користевте терористички организации во обид да ја растурите Руската федерација? Тоа го правевте и како екс-директор на службата за безбедност (ФСБ) јас тоа го знам со сигурност. Работевме со двојни агенти кои не информираа за задачите кои ги добивале од западните разузнавачки служби. Зошто моравте да го правите тоа? Требаше да ја третирате Русија како потенцијален сојузник и да го зацврстите тоа, но не, вие постапивте спротивно. Во обид да ја уништите Русија, рече Владимир Путин, претседател на Русија.

Една добра вест денеска секако е информацијата дека властите во Москва и Киев се согласиле да го возобноват договорот за прекин на огнот од 2020-тата година во источна Украина. Западот ја обвинува Русија дека распоредила повеќе од 100 000 војници во близина на Донбас, регионот под контрола на проруските сепаратисти во Украина, и дека се подготвува за воена инвазија.

Никола Илиевски

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе