Вести Македонија Најважни

Еден месец од автобуската несреќа во Бугарија- без одговор од истрагата зошто загинаа 45 луѓе

Пред точно месец дена, Македонија се разбуди со трагична вест.

45 луѓе од кои 12 деца, загинаа во автобуската несреќа на автопатот Струма во Бугарија. Се враќале од туристичко патување во Истанбул.

Автобусот на Беса транс удрил во банкина, а потоа се запалил. Од автобусот успеале да се спасат само 7 луѓе.

Бугарската истрага се уште не издаде официјален извештај за несреќата. Го најави до Божиќ кој според бугарскиот календар е утре.

Првични информации на тамошните обвинители и истражители се дека причина за несреќата е човечки фактор односно грешка на возачот кој загина. За несреќата придонела и лошата сигнална обележаност на патот иако бугарските обвинители тврдат дека магистралата Струма не е виновник за несреќата.

Се уште не е одговорено како и зошто огнот брзо се ширел на патничката платформа поради што настрадаа 45 патници во автобусот.

Во Македонија, скопското обвинителство води предистрага за фирмата Беса транс и за нејзиниот возен парк, документација и лиценци.

Утврдено е дека автобусот користел лиценца за меѓународен транспорт од друг автобус на фирмата Беса транс. Со погрешни документи за 400 дена, автобусот ја поминал 135 пати границата на Македонија односно секој трет ден по еднаш.

Досега беа суспендирани тројца вработени во царината кои со лажни документи го пропуштиле автобусот на кобното патување. Никој друг не понесол одговорност за пропустите.

Сопственикот на Беса транс е во Бугарија и по несреќата нема дојдено во Македонија. На фирмата и е одземена лиценца за меѓународен транспорт.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

ЕУ го брани Меѓународниот кривичен суд откако Рубио најави кампања за негова изолација

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе