Вести Свет

ФДА го одобри првиот лек за ХИВ во светот

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) објави дека го одобрила првиот лек за инјектирање во светот кој го намалува ризикот од пренос на ХИВ.

Лекот за инјектирање, наречен Apretude безбедува алтернатива на дневната пилула за превенција од ХИВ.

Овие апчиња се до 99 проценти ефикасни во спречувањето на сексуалниот пренос на ХИВ, но според Центрите за контрола и превенција на болести тие мора да се земаат секој ден за да бидат толку ефикасни.

Спротивно на тоа, за да се започне со Apretude, луѓето првично ќе земаат две дози во временски интервал од еден месец, а потоа ќе имаат инјекција на секои два месеци.

„Оваа двомесечна инјекција ќе биде клучна за справување со епидемијата на ХИВ во САД, вклучително и помагање на високоризичните поединци и групи кои не можат да се прилагодат на секојдневните лекови“, изјави др. Дебра Бирнкрант, директорот на Одделот за антивируси во Центарот за евалуација и истражување на лекови на ФДА

Во соопштението, ФДА се надева дека достапноста на долго-дејствувачки инекции лек за превенција на ХИВ ќе го зголеми навлегувањето на таквите лекови во групите со висок ризик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

ЕУ го брани Меѓународниот кривичен суд откако Рубио најави кампања за негова изолација

Kristina Kuzmanovski

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе