Вести Македонија Најважни

Касами на тетовчани им постави билборд со долгот оставен од Теута Арифи

На Зелениот пазар во Тетово ќе ве пречека голем билборд на кој е испишан вкупниот долг на Општината. Овој потег го најави градoначалникот Биљал Касами, ветувајќи транспарентност за граѓаните.

Граѓаните сметаат дека треба да знаат каде биле потрошени нивните пари и бараат одговорност.

Новата локална самоуправа ќе спроведува ред и на Зелениот пазар. Уште три дена им даде на дивите продавачи да ја отстранат својата стока од јавните површини, во спротивно ќе се соочат со законот и ако сакаат да продаваат тоа треба да го направат на изнајмена тезга во пазарот.

Продавачите се согласуваат со одлуката, но бараат подобри услови и решение за земјоделците коишто доаѓаат сао на пазарен ден.

Од понеделник инспекцијата и полицијата ќе вршат постојани контроли. Ваквата акција на Локалната самоуправа доаѓа како резултат на блокирањето на тротоарите, кои го попречуваат слободното движење на граѓаните и поради нелојалната конкуренција.

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе