Вести Свет Топ вести

Германија протера двајца руски дипломати – Русија најави реципрочни мерки

Германската министерка за надворешни работи соопшти дека нејзината земја протерува двајца руски дипломати, откако судот заклучи дека Москва стои зад убиството на Чеченец, кое беше извршено во Берлин пред две години.

Министерката Аналена Баербок го нарече „убиство нарачано од држава“ кое предизвикува  „кршење на германскиот закон и суверенитетот на Сојузна Република Германија“. Во германското мнистерство за надворешни работи беше повикан рускиот амбасадор на кого му беше соопштена одлуката дека двјаца руски дипломати се прогласени за „персона нон грата“.

  • Ова убиство е по налог на држава, тоа денеска го утврди судот. Тоа претставува тешка повреда на германскиот закон и на суверенитетот на Германија. Па оттука ние го повикавме амбасадорот на Русија на состанок. Амбасадорот е информиран дека двајца службеници на амбасадата се прогласени за „персона нон грата“, рече Баербок.

Убиство на Зелимхан Кангошвили, 40-годишен грузиски државјанин од чеченско националност, беше извршено среде бел дена во 2019 година, и тоа предизвика револт во Берлин.

Денеска регионалниот суд во Берлин го осудија 56-годишниот Вадим Красиков за убиството, но рече дека тој дејствувал по наредба на руските федерални власти, кои му дале лажен идентитет, лажен пасош и ресурси за да го изврши нападот во 2019 година. Неговите адвокати побараа од судот тој да биде ослободенбидејќи има друг идентитет.

Рускиот амбасадор во Берлин, Сергеј Нечаев ја нарече пресудата „непријателски чин што нема да остане без одговор“.

  • Потврдуваме дека на 15 декември 2021 година, рускиот амбасадор во Сојузна Република Германија бил информиран од раководството на германското МНР за одлуката на германските власти да прогласат за персона нон грата двајца дипломатски службеници во амбасадата. Ние упативме протест, нагласувајќи дека ваквите немотивирани постапки се очигледен непријателски чекор, кој нема да остане без одговор во блиска иднина“, велат од дипломатското претставништво.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе