Вести Свет

Германската полиција спречи план на радикалните антиваксери кои планирале атентат врз премиерот на Саксонија со самострел

Полицијата во Саксонија, спроведе денеска серија истражни дејствија заради смртните закани против Премиерот на оваа источно германска држава, Михаел Кретчмер, заради неговата поддршка на заштитните мерки против корона вирусот.

Активистите – антиваксери од крајната десница се осомничени дека заговарале спроведување напади со самострели или други слични оружја.

Заговорот против Кречмер првично беше разоткриен од документарната програма Фронтал, чии новинари се инфилтрирале во група од околу 100 лица кои меѓусебно комуницирале преку социјалната мрежа Телеграм. Нарекувајќи се себеси Дрезденска Онлајн мрежа, членовите разгледувале идеи и се среќавале по паркови, каде еден од нивните членови бил снимен и како кажува дека е вооружен и спремен за акција.

Полицијата соопшти дека биле дадени изјави за планови за убиство на премиерот Кречмер како и други претставници на државата.

Минатата година Кречмер, член на демохристијаните кои до минатата недела беа дел од владата, предупреди дека во Германија се спроведува хистерија околу коронавирусот, но откако Саксонија стана едно од најголемите жаришта на пандемијата се извини и започна да ги поддржува строгите мерки против вирусот.

Саксонија има една од најниските стапки на вакцинација во Германија, каде околу 62% од населението примиле барем една доза од вакцините. Истовремено, оваа германска држава е втора по бројот на новозаразени луѓе.

Минатата недела, новата германска владата подготви нов предлог закон со кој се бара задолжителна вакцинација на сите здравствени работници и војниците до наредната пролет а наследниот на Меркел, новиот канцелар , Олаф Шолц, ја поддржа идејата за задолжителна вакцинација на сите возрасни луѓе на почетокот на наредната година.

Против овие мерки се одржаа и повеќе помали протести. Во понеделникот, околу 3 500 илјади луѓе демонстрираа во источниот германски град Магдебург. Истовремено десеттина заканувачки писма се испратени до политичарите, медиумите и јавните институции, во кои се предупредува на “крвав отпор” против задолжителната вакцинација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе