Вести Свет

Бајден во посета на Кентаки за увид на штетата од торнадата

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Кентаки врши увид на штетата од катастрофалните торнада што во саботата ја зафатија оваа и неколкку други сојузни држави.

Во невремето загинаа најмалку 74 лица. Гувернерот Енди Бешир изјави дека во државата се водат за исчезнати 100 лица.

Во текот на посетата, Бајден ќе се запознае со тоа како оди санирањето на последиците од ударот на стихијата. По стапувањето на функцијата, тој веќе петти пат го прави ова – оди во посета на разурнатите места од природни катастрофи.

  • Денешната порака на претседателот е дека тој и сојузната влада имаат намера да направат се што е потребно и да одделат онолку време колку што е потребно да им се даде секаква поддршка на заедничките усилби за обнова и помош на жителите на Кентаки и останатите настрадани држави, изјави Карин Жан Пјер, заменичка на прес секретарот на Белата куќа.

Портпаролката Џен Псаки синоќа изјави дека Бајден „сака директно да разговара со луѓето и директно да им ја понуди својата поддршка“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе