Фабриката за свеќи која била полна со работници во пресрет на божикните празници, по налетот на торнадото е збришана со земја. Над 60 работници останаа заглаевни под остатоците и градешниот шут од зградата на фабриката. Една од преживеаните раскажала дека нозете и биле поклопени со даски и материјали и не можела да мрдне се додека не стигнале спасувачите.
-Морав да се качувам цели 5 метри нагоре, толку беше висок купот на отпадоци и градежен материјал од зградата кога се урна, изјавила преживеаната.
Компанијата Максар комуникејшн ги објави фотографиите од исти објекти пред и после торнадото. Фабриката за свеќи во Мејфилд, Кентаки изгледа како куп градежен шут.


Еден жител во старечки дом во Арканзас загина откако силното торнадо го однесе целиот дом и го уништи просторот со ветер силен над 200 км/ч.
-Чудо е што нема повеќе загинати во старечкиот дом, изјави еден од спасувачите во Арканзас, а снимките од сателит на Максар покажуваат колку е големо разурнувањето.


Многу работници беа во опасност откако склад на Амазон во Илиноис беше уништен од силниот ураган. Загинаа 6-мина вработени меѓу кои и 29-годишен воен ветеран на морнаричката авијација.
Амазон донираше милион долари за помош на заедницата која е погодена со катастрофата, а сликите на Максар покажуваат колку се страшни последиците.


