Вести Свет

Г7 ја предупреди Русија за „тешките последици“ доколку Путин ја нападне Украина

Шефовите на дипломатиите на групата седум најразвиени демократии (Г7) денеска ја предупреди Русија за „тешките последици“ доколку претседателот Владимир Путин ја нападне Украина, се наведува во нацрт-изјавата што ја добија британските медиуми.

На самитот во северниот англиски град Ливерпул, претставниците на Г7 изјавија дека се обединети во осудувањето на руското трупање сили во близина на Украина и ја повикаа Москва да ја смири ситуацијата.

„Русија не треба да се сомнева дека натамошната воена агресија против Украина ќе има големи последици и голема цена“, се наведува во нацрт-изјавата, наведуваат извори од Г7.

Украина е во центарот на кризата во односите Исток-Запад и ја обвинува Русија дека собира десетици илјади војници кои се подготвуваат за можна воена офанзива од долг дострел.

Русија негира дека планира напад и ги обвинува Украина и САД дека се однесуваат дестабилизирачки и соопшти дека ѝ требаат пишани гаранции заради нејзианта безбедност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Изгласан дупот за Барутана кој предвидува изградба на 24 хацијенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе