Вести Свет

Бугарија утре ќе добие нова влада

Бугарското Народно собрание утре во 13 часот ќе одржи вонредна седница на која пратениците треба да гласаат за предложената коалициска влада.

На дневен ред предложен и одобрен од претседателот на Народното собрание е изборот на премиер на Република Бугарија, усвојување на структурата на редовната влада и нејзиниот избор од пратениците.

Кирил Петков, копретседавачот на најголемата политичка сила во новиот парламент – „Промените продолжуваат“ вчера од претседателот Румен Радев го доби мандатот за состав на новиот кабинет.

За да се прифати предложената влада и кандидатурата за нов премиер, потребни се 121 глас од вкупно 240 пратеници. Четирите партии кои се согласија да формираат заедничка бугарска Влада имаат 134 пратеници.

Ова ќе биде прва редовна влада на Бугарија откако две привремени влади ја предводеа земјата за време на осуммесечната политичка криза.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Изгласан дупот за Барутана кој предвидува изградба на 24 хацијенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе