СДСМ денеска избра нов претседате. Димитар Ковачевски освои 37.649 гласови, кандидатот Јован Деспотовски, освои 3.319 гласови, и кандидатката Фросина Ременски 2.836. Неважечки ливчиња 602. Гласаа 44.406 членови, односно 86,5% од вкупното членство.
Прв се обрати Јован Деспотовски кој на Ременски и честиташе за „машката борба“ и му честита на Ковачевски и му порача да ја обедини партијата. Вети дека ќе продолжи да функционира како обичен член на партијата и ќе продолжи да придонесува со сето свое знаење во неа.
Фросина Ременски му се заблагодари на досегашниот претседател Зоран Заев за придонесот во партијата, и за се што сторил досега. За Деспотовски и Ковачевски рече дека делеле заедничка идеја за подобар СДСМ. Очекувала поголема излезност, но и тоа е дополнителен предизвик за партијата да се помогне во обединувањето. Порача дека сите заедно треба да го исправат СДСМ пред предизвиците кои следат. Се гледаме на победничките шини на СДС, порача Ременски.
-
денеска е голем дел за демократијата во партијата, порача новиот лидер на сдсм ковачевски.
Вечерва СДСМ е победник одржа уште една лекција од демократијата но од утре да се фатиме со работа наша е одговорнсота за се што се случува во партијата, но и во државата. Ние сме столб од прогресивниот дел од општеството и граѓаните со право очекуваат од нас напредок.
Не чека напорна работа за да ја вратиме довербата на граѓаните и членството, рече Ковачевски.
