Вести Свет

Г7 ја предупреди Русија за „тешките последици“ ако ја нападне Украина

Шефовите на дипломатиите на групата седум најразвиени демократии денеска ја предупреди Русија за „тешките последици“ доколку претседателот Владимир Путин ја напдне Украина, се наведува во нацрт-изјавата што ја добија британските медиуми. На самитот во Ливерпул, претставниците на Г7 изјавија дека се обединети во осудувањето на руското трупање сили во близина на Украина и ја повикаа Москва да ја смири ситуацијата. Вчера  американскиот претседател Бајден рече дека на Путин му кажал дека ако ја нападне Украина, ќе плати страшна цена. Украина е во центарот на кризата во односите Исток-Запад и ја обвинува Русија дека собира десетици илјади војници кои се подготвуваат за можна воена офанзива од долг дострел. Русија негира и ги обвинува Украина и САД дека се однесуваат дестабилизирачки а бара пишани гаранции заради нејзината безбедност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан дупот за Барутана кој предвидува изградба на 24 хацијенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе