Во Јужна Африка секојдневно расте бројо на заболени од ковд 19. Тука царува новиот сој омикрон. За еден месец регистрирани се 90 илјади нови случаи, а во една од најпогодените провинции бројот на случаи се зголемил за 400% во однос на минатата недела, додека хоспиталиациите се зголемени за 200%. Сепак, добрите вести се што инфекцијата е со благи симптоми, а во болница се останува краток период, што значи дека не предизвикува потешко заболување. Ова се првите извештаи од јужноафриканските научници кои јавија за новиот сој на ковид, и од каде се чекаат најновите сознанија.
И она што можеме да го видиме од пробивните инфекции, повеќето од нив се благи. Па дури и со Сисонке (програма за вакцинација на здравствените работници), ги следевме пробивните инфекции кај нашите здравствени работници и повеќето од нив се благи и многу малку завршија во болница. А од оние што отишле во болница, болничкиот престој е околу 2,4 дена, вели ПРОФЕСОР ГЛЕНДА ГРЕЈ, ДИРЕКТОР НА ИСТРАЖУВАЧКИ НАУЧЕН СОВЕТ ВО ЈУЖНА АФРИКА
Бројот на хоспитизација расте, но не поради тешката клиничка слика, туку поради тоа што омикрон е многу позаразен. Во болница се најмногу невакцинирани луѓе, но омикронот има способност да го избегне и вакциналниот имунитет и да зарази луѓе кои примиле две дози. Она што го следеле тамошните научници е ефикасноста на вакцината Фајзер.
Можеби е малку намален, но ја гледаме ефикасноста при приемите во болница. Тоа е охрабрувачки и потврдува дека вакцините делуваат против тешко и критично заболување.
Она што е забележано е дека луѓето кои претходно заболеле од ковид, а потоа се вакцинирале, имаат мали шанси да заболат од омикрон. Затоа се поттикнува третата или бустер дозата, која би го зголемило нивото на антитела во организмот. Во Јужна Африка се вакцинирани 38% од возрасните, што е многу повеќе од другите африкански земји. Целта на владата е до февруари да има 67% вакцинирано население, но со бавното темпо, сето ова изгледа нереалистично.
Алиса Шутиноска
