Свет

Француските социјални работници на штрајк, бараат подобри услови за работа

Социјалните работници во Франција стапија во штрајк низ целата земја во знак на протест поради недостигот на кадар и финансиски средства во нивниот сектор.

Централните протести се одржаа во центарот на Париз, а демонстрантите се собраа на метро станицата „Сен Жак“ и мирно се прошетаа до платото пред седиштето на француското Министерство за здравство.

Организаторите велат дека речиси 8.000 демонстранти се собрале на протестите.

Една од учесниците на демонстрациите, Одри Телиер, за Анадолија изјави дека работи во институтот ИМЕ, кој згрижува деца со аутизам и бара подобри услови за работа и зголемување на платата.

Протестите беа поддржани од бројни синдикати во Франција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

ЕУ го брани Меѓународниот кривичен суд откако Рубио најави кампања за негова изолација

Kristina Kuzmanovski

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе