Вести Свет

Папата со порака до ЕУ за (не)употребата на терминот „Божиќ“: Многу диктатури се обидоа тоа да го направат

Документот на Европската унија со кој не се препорачува употребата на терминот „Божиќ“ папата Франциск го оцени како анахронизам на „разводнетиот секуларизам“.

Европската комисија издаде, а потоа повлече интерен документ подготвен со цел да се подигне свеста за вклученоста во комуникацијата.

Во документот, што протече во јавноста кон крајот на ноември, се наведува дека не треба да се користи општиот термин „божиќни празници“, туку „празници“ и дека треба да се избегнува употребата на термини кои се јасно поврзани со одредена религија или пол.

-Низ историјата, многу диктатури се обидуваа да го направат тоа. Сетете се на Наполеон. Запомнете ја нацистичката, комунистичка диктатура. Тоа е вродено во разводнетиот секуларизам и осудено е на пропаст, ​​рече папата по враќањето од Грција во Ватикан.

„Европската унија мора да се врати на идеалите на татковците-основачи, кои биле идеал за единство, величина и да внимава да не тргне по патот на идеолошката колонизација, што може да заврши со поделба меѓу земјите и да предизвика распад на Европската унија. Европската унија мора да ја почитува „секоја земја и нејзината внатрешна структура, различноста на земјите, а не да ги обединува. Мислам дека нема да го стори тоа, тоа не е нејзината намера, но тука треба да биде внимателна“, продолжи тој.

-Секоја земја има своја уникатност, но секоја е отворена за другите. Суверенитетот на Европската унија е суверенитет на браќата во единство во кое се почитува индивидуалноста на секоја земја. И внимавајте да не станете носител на идеолошка колонизација, рече папата Франциск во својата реакција на документот на ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фотогалерија)Европската Унија донираше нови возила на Државниот инспекторат за транспорт

Tea Dimkovska

Од 189 комунални возила само 76 во исправна состојба – ревизорите со најниска оценка за работењето на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје

Tea Dimkovska

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе