Вести Македонија

Американскиот дипломат Ескобар доаѓа во Скопје

Дипломатот од САД Габриел Ескобар утре ќе пристигне во Скопје каде ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и други функционери за да разговараат за клучните регионални предизвици.

Амбасадата на САД извести преку ФБ профилот за посетата на специјалниот американски претставник за регионот.

-Го поздравуваме пристигнувањето на специјалниот претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар, во Скопје. За време на посетата, г.Ескобар ќе се сретне со претседателот Пендаровски и со други клучни функционери на 🇲🇰 да разговараат за повеќе теми и заеднички приоритети за регионот, соопштија од амбасадата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе