Вести Македонија

Одложено рочиштето меѓу штипски Бетон и грчки Интеркат во спорот за изградба на болницата

Одложено судското рочиште меѓу штипската компанија Бетон и грчки Интеркат. „Бетон побараува околу два милиони евра, како подизведувач во изградбата на новиот објект на Клиничката болница.

Инаку Врховниот суд го врати предметот повторно во првостепениот суд, откако лани донесе одлука Интеркат да ги даде парите на подизведувачот.

Сметката на грчката компанија беше блокирана, а Бетон во два наврати побара и стечај за главниот изведувач на штипската болница.

-Пред Основниот граѓански суд Скопје поднесени се две барања за покренување стечајна постапка од страна на Бетон АД Штип против ПСТД Интраком Констракшнс – Интеркат. И во двата наврати барањето е одбиено. Едното решение станално правосилно во ноември лани, другото во февраури годинава“, се вели во писмениот одговор на Основниот граѓански суд во Скопје.

Банката за развој на Советот на Европа минатиот месец најави повлекување од проектот, токму поради бавната динамика на изградба.

Сега на мака се министерствата за здравство и финансии, кои треба да најдат нови финансиери, кои ќе обезбедат 14 милиони евра за доизградба на објектот.

Болницата требаше да се отвори уште во 2019 година, но изградбата засега се одвива бавно и никој не знае кога и ќе биде завршен современиот дијагностички центар за жителите од источниот и југоисточниот регион.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе