Вести Македонија Топ вести

Петок е одлучувачки ден за СДСМ

Петок е одлучувачки ден за СДСМ. Извршниот и Централниот одбор треба да заземат став за оставката на лидерот и за изборот на нов претседател. Прашањето добива уште поголема тежина поради очекувањата првиот човек во партијата да стане и прв човек во Владата. Доколку партиските тела утре ја прифатат понудената оставка на Зоран Заев, во рок од 15 дена Извршниот одбор треба да распише внатрепартиски избори и да го назначи денот кога целото членство ќе гласа.

Се очекува постапката да заврши до половината на декември, а шпекулациите за наследникот се засилија откако Заев дојде на разговори со Алтернатива во придружба на Димитар Ковачевски. Но, во партијата се уште се силни оние што сметаат дека не е време за оставки бидејќи Заев е гарант на европската иднина на земјата.

Заев секако останува на чело на партијата до изборот на нов лидер, па пред него се денови за докажување дека СДСМ предводи мнозинство во Собранието. Тоа значи завршување на разговорите со Алтернатива, доколку утре Централното претседателство на оваа опозициска партија донесе одлука да влезе во Владата.

Алтернатива тврди дека, и покрај разногласието, четворицата пратеници ќе го почитуваат партискиот став. Ако решат да им се придружат на СДСМ и ДУИ, наредните денови ќе има уште една средба Заев-Гаши. Тогаш ќе се отворат прашања поврзани со ресорите и кадрите со кои Алтернатива би партиципирала во Владата, како и програмата на новата Влада.

Доколку партијата на Африм Гаши остане во опозициската коалиција со Алијанса, а владеачкитее партии не успеат да придобијат други пратеници, Собранието останува поделено на два еднакви дела. Ќе биде невозможно носењето закони па дури и утврдувањето дневен ред. Меѓупартиски договор за гласање има само за буџетот, за кој општата расправа завршува утре.

Пата-пата ситуацијата имаше премиера пред точно две недели, кога Катриот Реџепи го повлече својот потпис од барањето за гласање недоверба во оваа Влада.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гордана Силјановска Давкова 61,98%, Стево Пендаровски 30,48% – ДИК со првични резултати за претседателските избори

Дејан Дејан

Меџити: Коалицијата Вреди е победник во албанскиот кампус, Али Ахмети е најголем губитник

Дејан Дејан

Први поенти од завршените избори- обезбеден цензус за претседателски избори, тивок бојкот на ДУИ со потврда од Арбер Адеми кој јавно соопшти дека не гласал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе